Во Албанија изложба на тетовски средношколци „Едно парче уметност“ од Тетово во Тирана

Во канцеларијата на претседателот на Албанија Бајрам Бегај денеска е поставена и отворена изложба на учениците од средното текстилно училиште „Ѓоце Стојчески-Амбарче“ од Тетово, информираат од Општина Тетово.

Изложбата е насловена „Едно парче уметност“ од Тетово во Тирана!, а на отворањето присуствувал и тетовскиот градоначалник Биљал Касами, како и директорот Музафер Ливорека.

-Оваа изложба, која ги претставува делата на учениците и професорите од училиштето, е сведоштво за креативноста, страста и посветеноста на новите генерации од Тетово. Од текстилниот дизајн до применетите уметности, овие креации ја покажуваат моќта на уметноста да инспирира и да ја гради иднината. Благодарност до сите кои ја поддржуваат промоцијата на талентот и соништата на нашата младина, вели градоначалникот Биљал Касами.

Зачлени се на нашиот е-билтен