Во централна Газа погодена витална централа, оштетени сите генератори

Во денешните израелски напади е погодена и запалена електрична централа во областа Буреиџ, во централна Газа, што е витален објект за снабдување со електрична енергија, пренесе Ал Џезира.

Во нападот сериозно се  оштетени сите четири генератори и физичката инфраструктура околу централата.

Катарската телевизија наведува дека тоа дополнително ќе го отежне снабдувањето со електрична енергија во Појасот Газа и ќе ги влоши и онака неподносливите услови за живот. 

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?