Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Вокалната работилница „Бистрик“ на Биља Крстиќ со концерт во Куманово

Биља Крстиќ и десет исклучителни женски вокали вечер во 19 часот во Занаетчискиот дом во Куманово ќе одржат целовечерен концерт. Организатор на концертот на Вокалната работилница „Бистрик“ – Биља Крстиќ, е српскиот културно-информативен центар „Спона“ во чест на отворањето на нивната канцеларија во Куманово.

Како што наведуваат од Спона, вокалната работилница на Биља Крстиќ – „Бистрик“ веќе 12 години успешно работи со млади талентирани пејачи.

– Дизајнирана е уметнички да ја популаризира традиционалната музичка култура на Србија и да им даде можност на талентираните пејачи да се заљубат, да учат и да го пренесат своето знаење на идните генерации. Негуваме музика, традиција, добра атмосфера, дружење, емпатија и тимска работа со младите пејачи. Нашата работилница нуди богата концертна активност, гостувања на престижни натпревари и фестивали, учество во телевизиски емисии, музички спотови и е препознатлива по стилот, прецизната интерпретација како и специјално креираните костуми,  вели Крстиќ.

Биља Крстиќ, музички педагог и долгогодишен вокален солист на оркестарот „Бистрик“, долги години беше уредник во Радио Белград, а на музичката сцена е од 70-тите години на 20 век, најпрвин во бендовите „Сунцокрет“ и „Рани мраз“, а подоцна и како некој кој успешно гради соло кариера. Многупати е наградувана за нејзината работа, а во нејзината биографија е и музиката што ја компонираше за филмот „Зона Замфирова. Сега е актуелна со музиката од филмот „Хероите на Халиард“ во режија на Радош Бајиќ.

Канцеларијата на Спона во Скопје го прослави своето полнолетство на крајот на минатата година. 

Треба да знаете
Moже да ве интересира