Возач на мотоцикл загинал на патот Штип – Делчево

МВР информира дека На 25.05.2026 во 21:23 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат  Штип-Делчево, во близина на место викано  „Компосара” се случила сообраќајна несреќа.

Учествувале товарно возило „пежо” со винички регистарски ознаки, управувано од А.С.(48) од Виница и мопед без регистарски ознаки, управуван од А.Ѓ.(42) од Кочани.

Од здобиените повреди во несреќата, А.Ѓ. починал додека бил пренесуван кон болницата во Кочани, а лекар констатирал смрт. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кочани.

Најчитано