Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Вреди ќе играат шота во Приштина, Тирана и Скопје, ВМРО-ДПМНЕ молчи

Пратеникот Ријад Шаќири од коалицијата Вреди, од пратеничката говорница осврнувајќи се на критиките против претседателот на Собранието, Африм Гаши за молитвите во Собрание, рече дека тие ќе продолжат да се молат секаде што треба и каде што сакаат.

Шаќири исто така се осврна и на критиките за користењето на службени возила за Гаши да оди на свадба во Косово и да игра шота. Тој рече дека шота ќе се игра и во Приштина и во Тирана и во Скопје се додека има барем еден Албанец.

На ваквиот говор на Шаќири немаше никаква реакција од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, кои до доаѓањето на власта беа редовни критичари на односот на СДСМ кон албанските партии, истакнувајќи дека тие премногу дозволувале.

На денешната седница на Собранието се гласаше за интерпелацијата на претседателот на Собранието Африм Гаши, која не беше излгасана бидејќи беше поддржана само од пратениците на Левица и СДСМ.

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев рече дека Гаши го претворил Собранието во центар за антисекуларни активности, додека пратеникот Миле Талески од СДСМ порача дека мора да се застане на патот на башибозукот на претседателот на Собранието.

„Каде е Мицкоски сега да каже дека никој не е над законот и дека ќе има одговорност за сите. Ако сакаа да си го сочуваат образот, оваа интерпелација ќе дојдеше од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. За само два месеца има серија скандали на власта, предводена од Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, а одговорност нема за никого. Мицкоски ја враќа неказнивоста на голема врата, ја пропушти шансата да го смени Гаши. Само така ќе докажеше дека стои на зборот за одговорноста на политичарите“, рече Талески.

Најново