Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Втор бран на смртоносни експлозии на уреди, најмалку 300 луѓе повредени во Либан

Илјадници телекомуникациски уреди експлодирале во Либан и попладнево, пренесуваат светските медиуми.

Експлозии се слушнале во јужните предградија на Бејрут, како и во градовите Набатие, Тир и Саида во јужен Либан, објави „Гардијан“ од либанската престолнина. Девет лица загинаа, а над 300 се повредени, соопшти либанското Министерство за здравство.

Неколку експлозии се случиле на погреб за тројца членови на Хезболах и едно дете убиени во експлозиите на пејџерите вчера.

Според медиумите, денеска експлодирале воки-токи уреди кои биле користени од Хезболах.

Се чини дека овие експлозиите се вториот дел од операцијата која започна во вторникот попладне со експлозии на пејџер уреди на Хезболах, во кои загинаа најмалку 12 луѓе, а речиси 3.000 беа повредени.

Претходно во средата, унгарската влада негираше дека експлодираните пејџери некогаш биле во Унгарија, откако една тајванска компанија ја обвини фирмата BAC Consulting од Будимпешта дека ги произведува уредите.

Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, ги осуди нападите, велејќи дека тие предизвикале „тешка колатерална штета меѓу цивилите“, пренесе Политико.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново