Втора титула во сезоната: Манчестер Сити го победи Челзи и го освои ФА Купот

Манчестер Сити го победи Челзи во финалето на ФА Купот на Вембли и го освои својот втор трофеј оваа сезона. Малку порано „граѓаните“ го освоија и Лига Купот.

Финалето на ФА Купот на Вембли имаше момент што ќе се памети долго време. Брилијантниот Семењо постигна спектакуларен гол за Манчестер Сити против Челзи, а многумина веќе тврдат дека тоа е еден од најубавите голови видени во финалето на ова натпреварување, а и во историјата на познатиот стадион.

Сѐ започна со одличниот центаршут на Ерлинг Халанд од десно, по што следеше потег на чиста фудбалска мајсторство што целосно го промени текот на натпреварот.

Голманот на Челзи, Роберт Санчез, остана целосно немоќен пред магијата на играчите на Сити.

Најчитано