Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Заев: Македонски патриотизам значи да си го чуваш и негуваш јазикот

– Македонски патриотизам значи да си го чуваш и негуваш јазикот бидејќи тој е и нашата татковина, и нашиот идентитет и нашиот најсилен меѓународен промотор, напиша на социјалните мрежи поранешниот премиер Зоран Заев, по повод 5 Мај – Ден на македонскиот јазик.

Иако на некои не им се допадна, истакнува Заев, многумина се израдуваа бидејќи беа свесни дека со договорите кои ги склучивме со соседите всушност започнавме нова етапа од негувањето, употребата и промоцијата на македонскиот јазик.

– Историјата веќе сведочи дека Договорот за добрососедство со Бугарија е потпишан и на македонски јазик и од тогашниот бугарски премиер Борисов, а Договорот од Преспа е историски чин на признавање на македонскиот јазик (и на придавката “македонски” во јазична, културна и идентитетска смисла) од страна на официјална Атина, посочува поранешниот премиер Заев.

Заев укаѓжува дека овие договори отворија ново поглавје од современата македонска идентитетска промоција.

– Денес имаме службена употреба на македонскиот јазик во НАТО во рамки на нашето членство во овој глобален безбедносен сојуз, а со отворањето на преговарачкиот процес со ЕУ нашиот јазик веќе добива службена употреба и низ европските институции. Нека е честит Денот на македонскиот јазик, 5 Мај, пишува на социјалните мрежи поранешниот премиер Зоран Заев, по повод 5 Мај – Ден на македонскиот јазик.

Треба да знаете
Moже да ве интересира