Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Започна комерцијална работа на терминалот за течен гас Александрополис

Tерминалот за течен гас Александрополис денеска започна со работа и со тоа стана енергетска порта за Централна и Југоисточна Европа, се вели во соопштението на оперативната компанија Гастрејд, пренесе грчката агенција АМНА.

„Проектот придонесува за енергетска безбедност и диверзификација на изворите и рутите за снабдување со енергија на Југоисточна и Централна Европа, решително надградувајќи ја улогата и важноста на Грција во модерната енергетска карта на Европа, станувајќи енергетска порта за повеќе од девет земји“, соопштија од Гастрејд.

Терминалот за течен гас Александрополис се состои од пловна платфорна за складирање и втченување и од подморски и копнен гасовод за, кој ја поврзува пловечката единица со Националниот систем за пренос на природен гас и преку него ќе испорачува природен гас надвор од Грција и до Бугарија, Романија, Северна Македонија, Србија, Молдавија и Украина на исток, како и Унгарија и Словачка на запад.

Пловечката единица, наречена „АЛЕКСАНДРУПОЛИС“, има максимален капацитет за регасификација од 5,5 милијарди кубни метри годишно.

Во моментов има 14 грчки и меѓународни компании кои комерцијално учествуваат во проектот до 2030 година.

Во исто време, додаде Гастрејд, „почетокот на комерцијалната работа на проектот го означува проширувањето на иницијативата Вертикален коридор со што значително ја зајакнува својата динамика со цел создавање центар за трговија со природен гас во Централна и Југоисточна Европа“, пренесе АМНА.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново