Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Зголемен број депортации на мигранти од Република Кипар

 Во периодот јануари-април годинава Република Кипар спровела повеќе депортации на мигранти споредено со истиот период лани, додека пак оваа година минимално е зголемен бројот на нови пристигнувања, согласно податоците од Министерството за внатрешни работи на Кипар што ги објавија кипарските медиуми, јави дописничката на МИА од Атина. 

Во однос на пристигнувањата на нелегални мигранти во 2023 година пристигнале 3.522, а во 2024 година 3.703 лица, додека пак според податоците, во периодот јануари – април 2023 година имало 2.348 депортации, а оваа година речиси 1.000 повеќе, односно 3.337. 

Според медиумите зголемениот број враќања се должи и на зајакната соработката со Фронтекс, но и на програмата за доброволно враќање со доделување финансиска стимулација која се движи од 1.000 до 1.500 евра во зависност од земјата на потекло.

Треба да знаете
Moже да ве интересира