Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Жена која случајно се нашла на местото на пукањето е третата жртва во Скадар

Полиција, Албанија

Пукотниците во Скадар, се случиле од две возила во движење. Едно од возилата со хрватски регистарски таблички откако удрено неколку пати, за потоа возилото да заврши во ѕид.

Една од жртвите е Хамза Лици, брат на Ибрахим Лици, лице познато на албанската полиција. Неодамна беше спомнат во познатата афера „Метаморфозис“, каде прислушувањето на белгиските и француските власти откриваше постојани конфликти меѓу Лици и бандата Бајра и бизнисменот Пелумба Ѓока.

Убиен е и Арлинд Бушати, синот на поранешниот кандидат за градоначалник на опозицијата, Џемал Бушати.

Арлинд Бушати пред неколку дена поднел пријава во полиција дека се сомнева дека ќе го убијат и дека животот му е во опасност.

Во меѓувреме, при размена на оган низ стаклата на автомобилот, повреден е и брачен пар кој во моментот на атентатот патувал со мотор.

Се дознава дека по повредите сопругата Флутура Баша починала во болница, додека нејзиниот сопруг е во критична состојба.

На местото на настанот се испратени бројни полициски единици и Единицата за национална безбедност од Скадар, како и две екипи од специјалната единица РЕНЕА.

Формирана е специјална истражна група и во соработка со Обвинителството се врши интензивна истрага за расветлување на околностите и обезбедување докази, со цел правно документирање на случајот, откривање и апсење на сторителите.

Зачлени се на нашиот е-билтен