Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ердоган ќе предложи замрзнување на линијата на фронтот во Украина и на членството во НАТО

Предлогот на Ердоган доаѓа додека земјите од НАТО се подготвуваат за претседателството на Доналд Трамп.

Предлогот на Ердоган вклучува негирање на членството на Украина во НАТО најмалку 10 години, замрзнување на сегашната линија на фронтот, обезбедување оружје за Украина и распоредување меѓународни трупи во демилитаризираната тампон зона во Донбас.

Предлогот на турскиот претседател доаѓа во време кога земјите од НАТО се подготвуваат за претседателството на Доналд Трамп. Многумина стравуваат дека тоа ќе доведе до притисок од страна на САД врз Украина за брзо завршување на војната, дури и по цена на територијални отстапки.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе го претстави својот план за мир во Украина за време на преговорите на Г-20 што почнуваат на 18 ноември.

Ова го објави Блумберг, повикувајќи се на неофицијални извори.

Земјите од Г-20 ќе се сретнат во Бразил без учество на рускиот претседател Владимир Путин. Бразил е страна на Римскиот статут на Меѓународниот кривичен суд (МКС), кој минатата година издаде налог за апсење на Путин поради киднапирање на украински деца.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски исто така нема да присуствува и покрај бројните повици да добие покана. На 16 ноември Зеленски рече дека Украина треба да стори сé што е можно за да ја прекине војната преку дипломатски средства во 2025 година.

Зачлени се на нашиот е-билтен