Стојна Димитровска повторно приведена по пријава за закани кај „Камени кукли“

Стојна Димитровска (41) од Кратово повторно е приведена по пријава дека се обидела да наплати влезници за локалитетот „Камени кукли“, а потоа им се заканувала на двајца посетители од Скопје.

Според полициските информации, службеници од ОВР Кратово ја лишиле од слобода на 27 октомври во 11:30 часот. Пријавата ја поднеле Р.П. и Ј.Б. од Скопје. По документирањето на случајот, полицијата најавува соодветна пријава.

Димитровска и претходно била приведувана поради настани поврзани со пристапот до локалитетот и наплатата на влезници. Во август, по предлог на Основното јавно обвинителство Куманово, судот ѝ определил притвор во постапките за узурпација и спречување службени лица во вршење службени дејствија.

Обвинителството тогаш соопшти дека продолжувала да наплаќа влезници без правен основ, да се расправа со посетители и да им се заканува, и покрај претходно преземените мерки. Според истото соопштение, при тогашниот инцидент нападнала и полицајци кои се обиделе да ја легитимираат и приведат.

Во соопштението од 4 август било наведено и дека претходно ѝ била изречена забрана да го посетува локалитетот, но дека го избегнувала примањето и почитувањето на решението.

„Камени кукли“ кај селото Куклица, во близина на Кратово, е заштитен споменик на природата, познат по необичните камени столбови. Спорот околу пристапот и наплатата на влез во локалитетот со години е проследен со реакции од посетители и институционални постапки.

Рацин.мк ве прашува:

Дали студентскиот „земјотрес“ во Србија ќе ја разбуди и македонската политичка сцена?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали студентскиот „земјотрес“ во Србија ќе ја разбуди и македонската политичка сцена?