Денеска се очекува новиот шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупција

Името на новиот раководител на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција се очекува да биде познато вечерва, по сумирањето на резултатите од денешното гласање. Право на глас имаат 187 јавни обвинители, кои избираат меѓу петмина кандидати.

Во трката се Фатон Азизи, Трајче Пеливанов, Лидија Раичевиќ, Искра Хаџи-Василева и Јован Цветановски. Изборот се спроведува непосредно и со тајно гласање.

Според денешното официјално соопштение на Советот на јавните обвинители, гласањето се одржува од 8 до 15 часот на пет избирачки места. Избирачките одбори треба најдоцна до 19 часот да ги состават записниците за текот и резултатите и да ја известат Комисијата за спроведување на изборите.

По приемот на изборниот материјал од сите пет места, резултатите ќе се сумираат во просториите на Советот, со директен пренос преку МИА.

Денеска гласаше и републичкиот јавен обвинител Ненад Савески. По гласањето тој изјави дека сите кандидати имаат професионален капацитет да го водат Обвинителството.

„Сите петмина кандидати се докажани професионалци. Кој и да биде избран нема да биде погрешен избор“, рече Савески.

Тој очекува со новиот раководител да придонесат за поефикасна борба против организираниот криминал и корупцијата и за зајакнување на довербата во обвинителството.

Петмината кандидати ги претставија своите програми пред Советот на 13 октомври. Меѓу приоритетите ги наведоа финансиските истраги, јакнењето на истражните капацитети, поефикасното гонење на корупцијата и поголемата независност на институцијата.

Изборот се спроведува поради истекувањето на мандатот на актуелниот раководител Ислам Абази, кој ја презеде функцијата во 2022 година.

Рацин.мк ве прашува:

Дали студентскиот „земјотрес“ во Србија ќе ја разбуди и македонската политичка сцена?

Веќе имате гласано на оваа акента.

Никаков ефект - нашите млади веќе се спремаат да се иселат 539 (41%)
41 %
Само партиска козметика - партиите во МК ќе измислат свои „студентски крила“ за да го скротат бранот 300 (23%)
23 %
Ќе ги охрабри младите - политиката не е резервирана само за „старите играчи“ 248 (19%)
19 %
Паника во власта - политичарите ќе нудат бенефици за да пресретнат револт 212 (16%)
16 %

Најчитано