Четворица уапсени за убиствата во Ѓорче Петров, се бара краткотраен притвор

Четири лица се уапсени во врска со двата смртни случаи во Хром и Ѓорче Петров, а Обвинителството побарало краткотраен притвор за да се комплетира доказниот материјал. Според МВР, приведените се осомничени за две разбојништва со последица смрт.

Од слобода се лишени А.С. (22), Х.Е. (20) и К.А. (58) од Скопје, како и М.Р. (26) од Струмица. Полицијата ги привела вчера, на 27 октомври.

Сомневањата се однесуваат на настаните од 22 октомври во Хром и од 27 октомври во Ѓорче Петров. Постапувањето се одвива во координација со Основното јавно обвинителство Скопје и по негови наредби.

Од Обвинителството за „Фокус“ потврдиле дека за четирите лица е побаран краткотраен притвор поради прибирање на целокупниот доказен материјал за натамошната постапка. МВР најавува и поднесување соодветна кривична пријава.

Во првиот случај, на 22 октомври, во својот дом во Хром бил пронајден мртов 62-годишен маж со траги од насилство. Пет дена подоцна, 76-годишна жена била пронајдена мртва во куќа на улицата „Ѓурчин Кокале“ во Ѓорче Петров. Нејзината ќерка го пријавила случајот во полиција.

Рацин.мк ве прашува:

Дали студентскиот „земјотрес“ во Србија ќе ја разбуди и македонската политичка сцена?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали студентскиот „земјотрес“ во Србија ќе ја разбуди и македонската политичка сцена?