Јаневска: Нема корупција во високото образование

Иако во јавноста се зборува за корупција на факултетите, во моментов нема конкретни пријави по кои би можело да се постапува, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска.

„Нема конкретни пријави на кои би можело да се постапува“, рече Јаневска, најавувајќи дека институциите ќе постапат според законот доколку добијат пријави.

Таа потсети дека во минатото имало пријавени случаи на корупција во високото образование и дека професори кај кои било докажано такво однесување сноселе законски последици. Додаде дека Државниот просветен инспекторат постапува и по анонимни пријави за неправилности во училиштата.

Јаневска зборуваше пред почетокот на националниот форум „Млади за интегритет“, кој денеска се одржа во Скопје, во организација на „Аналитика“, со германска финансиска поддршка.

Во обраќањето таа ја нагласи одговорноста на наставниците да оценуваат објективно, без фаворизирање и лични влијанија. Според министерката, училиштата треба да покажат дека успехот зависи од знаењето и трудот, а младите да не ја прифаќаат корупцијата како нормален начин на функционирање.

Во рамките на проектот се изработени прирачник за ученици, наставници и родители и надградба на апликацијата „Глас против корупција“. Од „Аналитика“ посочија дека целта е младите да ги препознаваат неправилностите и да добијат практични механизми за нивно пријавување.

Рацин.мк ве прашува:

Дали студентскиот „земјотрес“ во Србија ќе ја разбуди и македонската политичка сцена?

Веќе имате гласано на оваа акента.

Никаков ефект - нашите млади веќе се спремаат да се иселат 539 (41%)
41 %
Само партиска козметика - партиите во МК ќе измислат свои „студентски крила“ за да го скротат бранот 300 (23%)
23 %
Ќе ги охрабри младите - политиката не е резервирана само за „старите играчи“ 248 (19%)
19 %
Паника во власта - политичарите ќе нудат бенефици за да пресретнат револт 212 (16%)
16 %

Најчитано