Проектот Скопје 2014 беше непотребен и за него беа залудно потрошени пари, рече министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, на денешната дискусија за фискалната политика, на настанот „Фискалната политика на крстопат: Патот кон стабилност и одржливи јавни финансии“, во организација на Фискалниот Совет на Македонија и Finance Think.
Според министерката за финансии, земјава треба да вложува во капитални проекти, дури и по цена да се надмине законскиот лимит, но тие проекти да направат некаков профит.
Во своите дискусии економските експерти, нагласија дека економијата има правилa, за тоа кога се троши, а кога се штеди, но дека ниту една влада до сега не се држела до нив, туку постојано и експанзивно трошеле, без да направат значајни реформи,
Владата на екс премиерот Никола Груевски наместо предвидени 80 милиони евра, за контроверзниот проект Скопје 2014, потроши над 600 милиони евра државни пари. Претседателот на Владата и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најави завршување на проектот во буџетската 2025 година.