Во организација на Независната коалиција Зелен хуман град, следниот вторник (10 декември) во Скопје ќе се оддржи протестен марш за чист воздух.
Маршот ќе започне во 16:00 часот, пред Министерството за животна средина. Рутата понатаму е преку Собранието и завршува пред Владата.
„Протестираме бидејќи секоја година во Македонија се бележат околу 3.828 смртни случаи предизвикани од изложеност на честичките PM2.5, кои се меѓу најштетните за здравјето. Тоа изнесува 17.7% од вкупната смртност во државата. Овие честички се поврзани со широк спектар на здравствени проблеми, како што се белодробни заболувања, срцеви удари и рак на белите дробови“, велат од Коалицијата.
Скопје мора да дише! Македонија мора да дише!, порачуваат од независната коалиција Зелен хуман град.