Денес, во рамките на проектот „Градот е јавност дел #1“, ќе се одржи перформативната шетачка тура „Не зјапајте толку романтично“ во Скопје.
Турата, замислена како театарски перформанс во четири чина, започнува во 12 часот од студентскиот дом „Гоце Делчев“ и ќе трае до 18 часот.
Чин 1: „Зграда без врати“ – стартна точка: студентскиот дом „Гоце Делчев“.
Чин 2: „Пловечко кино / Слободно кино“ – јавен ручек во Железничката зграда и Архитектонскиот факултет во 13:30 часот.
Чин 3: „Отфрлање на модернизмот“ – започнува во 15 часот.
Чин 4: „Во бучните води, ги слушам гласовите на мртвите пријатели“ – завршница во Албанскиот народен театар.
Перформансот е предводен од уметникот и архитект Филип Јовановски, со куратор Владимир Јанчевски и поддршка од Софија Григоријаду. Изведувачка е актерката Мартина Даниловска.
Настанот е дел од тридневниот проект „Градот е сцена: Пловечки универзитет“, кој од 5 до 7 декември донесе јавни предавања, работилници и дискусии за иднината на урбаните простори.
Проектот е поддржан од „Факултет за работи што не се учат“, ГЕТЕ Институт Скопје, и Министерството за култура на Северна Македонија.