Историјата е испишана! За прв пат, македонските пара алпски скијачи Зоран Јовановски и Вангел Тркаљанов, заедно со тренерите Јане Стефанов и Петар Илев, ја претставија нашата земја на две престижни ФИС трки во Зурс, Австрија. Трките се одржаа на 7 декември.
На двете трки, Зоран Јовановски го освои одличното седмо место и заработи ФИС поени, што претставува значаен успех за македонскиот пара спорт. Вангел Тркаљанов, иако не успеа да ја заврши трката, покажа храброст и посветеност, поставувајќи основа за понатамошни успеси.
Претстојат уште предизвици според ФИС календарот, каде со нетрпение го очекуваме учеството на нашите натпреварувачи. Воедно, започнуваат и подготовките за предвидените кампови за пара скијање, кои ќе бидат клучни за натамошниот развој на нашите спортисти.