Главниот град конечно доби новогодишна елка на плоштадот „Македонија“, како дел од обидите за создавање празничен амбиент. Елката беше поставена вчера, по долгогодишните критики за недостатокот на празнична декорација во Скопје.
Иако жителите се радуваат на елката, многумина ги истакнуваат своите забелешки на изгледот но и за доцнењето и генералната неактивност на градоначалничката Данела Арсовска во украсувањето на градот. Бројни други општини во Македонија веќе одамна ги завршија своите подготовки и го создадоа празничниот дух.
Покрај елката, на плоштадот се поставени и куќарки, но сè уште нема информации за нивната намена. Многумина прашуваат дали Скопје оваа година ќе понуди музичка програма, активности за деца, или пак организиран дочек на Новата година. Засега, градските власти остануваат тивки во врска со овие прашања, оставајќи простор за шпекулации.
Жителите очекуваат повеќе активности и јасна програма за претстојните празници, со надеж дека Скопје ќе се приклучи на духот на прославите како и другите градови во земјата.