Русија го приведе осомничениот за ликвидацијата на генералот Кирилов, открија кој е: „Му нуделе 100.000 долари“ 

Рускиот истражен комитет соопшти дека во тек е идентификација на уште едно лице вмешано во организацијата на атентатот 

Русија соопшти дека уапсила државјанин на Узбекистан кој признал дека ја поставил бомбата во која загина генерал-полковник Игор Кирилов во Москва еден ден претходно по инструкции на украинските безбедносни служби. Тој е државјанин на Узбекистан кој рече дека бил регрутиран од украинските разузнавачки служби (СБУ). Дневниот весник Комерсант објави дека е приведен уште еден осомничен. Ројтерс не може независно да го потврди ова. Рускиот истражен комитет објави дека на осомничениот за убиството на Кирилов „му биле понудени 100.000 долари за да го изврши тој атентат“. 

Конкретно, претставничката на комитетот, Светлана Петренко, изјави дека Украина му понудила на маж од Узбекистан награда од 100.000 американски долари и живот во една од европските земји, пренесува Sky News. 

Руското Министерство за надворешни работи најави дека ќе го постави прашањето за убиството на Игор Кирилов пред Советот за безбедност на ОН. 

Кирилов беше убиен вчераутро во Москва откако активирана направа била скриена во скутер кој бил паркиран до влезот на станбена зграда. 

Рускиот истражен комитет соопшти дека во тек е идентификација на уште едно лице вмешано во организацијата на атентатот. На социјалните мрежи се појави и видео кое го покажува точниот момент на удар. На видеото се гледа голема експлозија, снег кој паѓа од автомобилите во близина, а во исто време им се вклучува и безбедносниот аларм. 

Кирилов, кој беше шеф на руските сили за нуклеарна, биолошка и хемиска одбрана, беше убиен пред неговата станбена зграда заедно со неговиот помошник кога експлодираше бомба скриена во електричен скутер. Тој е највисокиот руски воен офицер убиен од Украина во обид за атентат во Русија. Украинската разузнавачка служба СБУ, која го обвини Кирилов дека е одговорен за употребата на хемиско оружје против украинските војници, што Москва го негира, ја презеде одговорноста за убиството. 

Рускиот истражен комитет, кој истражува сериозни злосторства, во соопштение во средата рече дека неименуваниот осомничен за време на испрашувањето им рекол дека дошол во Москва каде што добил импровизирана експлозивна направа за атентат. 

Во соопштението се наведува дека опишал како го поставил уредот на електричен скутер што го паркирал пред влезот на зградата во која живеел Кирилов. Инспекторите рекоа дека тој поставил надзорна камера во автомобил за изнајмување во близина и дека заговорниците на атентатот од украинскиот град Днипро ја користеле камерата за да го следат Кирилов и далечински да го активираат уредот кога тој ја напуштил зградата.

Зачлени се на нашиот е-билтен