Иако не е спомната по име, јасно е дека препораките од во Членот 12 од Декларацијата од Самитот ЕУ-Западен Балкан се однесуваат на Северна Македонија.
Во него се вели:
Помирувањето, инклузивната регионална соработка и добрососедските односи се во срцето на Европската Унија. Спроведување на меѓународни договори со добра волја и со опипливи резултати, вклучително и Договорот од Преспа со Грција и Договорот за пријателство, добрососедството и соработката со Бугарија е од суштинско значење.
Во Декларацијата уште се нагласува дека се „Потребни се одлучувачки дополнителни напори за поттикнување на помирувањето и регионалната стабилност, како и за изнаоѓање и спроведување на дефинитивни, инклузивни и обврзувачки решенија меѓу партнерите за регионалните и билатерални спорови и прашања вкоренети во наследството од минатото, во согласност со меѓународното право и воспоставени принципи, вклучително и со Договорот за прашањата за сукцесија и преостанатите случаи на исчезнати лица и прашањата за воени злосторства“.