Генералниот секретар на НАТО Марк Руте ја посети воената база во Ново Село, Бугарија, каде што е сместена мултинационална единица формирана како одговор на руската инвазија на Украина во 2022 година.
Руте изврши инспекција на единицата и изјави дека е клучно Алијансата да продолжи со воена поддршка за Украина за таа „еден ден да може да води мировни преговори од позиција на сила“.
Единицата во Бугарија брои меѓу 1.200 и 1.300 војници, од кои половината се од Италија, а останатите се од САД, Албанија, Хрватска, Грција, Северна Македонија и други земји.
НАТО планира проширување на единицата на бригада со 5.000 војници, што ќе ја зајакне безбедноста на источното крило на Алијансата.