Поради труење со храна, министерот за одбрана на Грција Никос Дендиас ја одложил посетата на Србија што беше закажана за денеска, информирале за грчките медиуми од Министерството за одбрана, јави дописничката на МИА од Атина.
Планирано беше Дендиас во Белград денеска да биде примен од претседателот на Србија Александар Вучиќ и да се сретне со министерот за одбрана Братислав Гашиќ.