Во основното училиште во Пречко во Загреб, напаѓач со нож повредил наставничка, а повредени се и ученици, јавува Дневник.хр.
Според Дневник.хр, некои деца биле изнесени од училиште, а дел од нив се уште се во зградата. Учениците и вработените се во шок, многумина во солзи, пренесуваат медиумите.
На местото на настанот има многу полиција и најмалку шест возила на брза помош, јавува порталот.
Снимен е и хеликоптер како слетува на училишното игралиште.
Полицијата засега не соопштува никакви информации.
Луѓето на социјалните мрежи пишуваат дека деца бегале низ прозореците.