Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Вознемирувачко видео: Териристички напад на божиќен пазар во Германија

Автомобил влета во толпа луѓе на божиќниот пазар во централниот германски град Магдебург во петокот вечерта поради што десетици лица се повредени.

Според германските медиуми се уште потврдени информации за евентуални жртви, но според некои медиуми има неколку починати.

Полицијата го приведе возачот, според извори од локалната власт, цитирани од германската новинска агенција ДПА.

Властите го затворија божиќниот пазар, а службите за итни случаи се на местото на настанот.

Премиерот на покраината Саксонија-Анхалт, Рајнер Хаселоф, е на пат за Магдебург, објави јавниот радиодифузен сервис МДР.

Телевизијата, исто така, цитираше портпарол на државната влада кој го опиша инцидентот како напад.

Магдебург, град западно од Берлин, е главен град на покраината Саксонија-Анхалт и е дом на околу 240.000 луѓе.

Зачлени се на нашиот е-билтен