Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Авионот е соборен од Русија, обвини претседателот на Азербејџан Алиев

Претседателот на Азербејџан Илхам Алиев ја обвини Русија дека случајно соборила патнички авион на Божиќ во катастрофа во која загинаа 38 луѓе и ја прикрила причината, јави Си-Ен-Ен.

„Денес јасно можеме да кажеме дека авионот е соборен од Русија. Ова е факт“, рече Алиев во телевизиско интервју, според транскриптот објавен на претседателската веб-страница на Азербејџан.

„Никој не може да го негира овој факт“, продолжи Алиев. „Повторно, не велиме дека ова е направено намерно, туку е направено“.

Авионот на Азербејџан ерлајнс патувал за Грозни во Чеченија пред принудно да слета во близина на Актау, Казахстан, соопшти авиокомпанијата во средата.

Руската Федерална агенција за воздушен транспорт најпрвин соопшти дека авионот се урнал откако се судрил со птици, иако подоцна соопшти дека украинските борбени беспилотни летала и густата магла го принудиле авионот да излезе од рускиот воздушен простор.

Претходно Владимир Путин во телефонски разговор со Илханм Алиев изрази жалење за несреќата, но не се извини

Зачлени се на нашиот е-билтен