Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Продолжува бесплатниот превоз за студентите

Бесплатениот автобуски превоз за студентите во Скопје ќе продолжи и во 2025 година, откако Владата денеска на седница одлучи да му префрли 120 милиони денари на Јавното сообраќајно претпријатие ЈСП – Скопје обезбедени со релоцирање од буџетот на Министерството за образование и наука.

Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје претходно испрати апел до Владата и МОН на владина седница да овозможат релоцирање на средства со цел продолжување на бесплатниот превоз за студентите во 2025 година.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска на крајот на минатиот месец изјави дека долгот на централните власти кон Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје од јануари идната година ќе изнесува десет милиони евра и оти Советот треба да дискутира дали воопшто ќе има бесплатен превоз.

Зачлени се на нашиот е-билтен