Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Хоман најави ЕУ пакет од 80 милиони евра за инвестиции во повеќе области во Албанија

Амбасадорката на Европска Унија во Тирана, Кристијане Хоман, изјави дека ЕУ ќе додели 80 милиони директна финансиска помош за Албанија за справување со енергетската криза.

– Конкретната бројка морам да признаам, не ја знам на памет, но токму сега имаме пакет од 80 милиони евра директна финансиска помош за Албанија што ќе биде распределена во следните два дена за енергетската криза и ова е можно да се помогне да се задржат цените за граѓаните, а исто така и за малите и високо ранливите бизниси. Значи ова е поддршка за самата Влада, истакна Хоман гостувајќи во емисија на „Топ чанел“.

Таа најави реализација и на други проекти поврзани енергетската поддршка во иднината, посочувајќи дека ќе биде изградено поле со соларни панели на езеро на северот на Албанија.

– Имаме развој и на други проекти. Значи, имаме соларно поле кое всушност се развива во езеро, бидејќи не се користи за ништо друго. Можете да го ставите во езерото, не треба да користите обработливо земјиште. Значи ова е проект кој е околу 12 милиони евра, но имаме други а има неколку инвеститори, бидејќи тоа е заеднички напор, наведе Хоман.

Во однос на локалните избори, што во земјата ќе се одржат на 14 мај, таа нагласи дека најважно е да бидат слободни и фер избори, кои се во согласност со меѓународните стандарди и препораките од ОДИХР.

– Се надевам, посочи таа, дека сите кандидати предложени од политичките партии ќе ги достигнат највисоките стандарди на личен интегритет.

Зачлени се на нашиот е-билтен