ДУИ во соопштение до јавноста но и до СДСМ укажува на обидите за созадавање „албанофија“ во јавноста.
„Но, вистината е едноставна: Македонците не ја мразат ДУИ затоа што имаше корупција – тие ја мразат затоа што ДУИ ги овласти Албанците и ги промени старите баланси на моќ и ги скрши етничките монополи, велат од ДУИ.
„Тие не ја гледаат ДУИ како криминален проблем, бидејќи самите македонски партии владеат со оваа држава 30 години, ограбувајќи ја и деградирајќи ја.
Македонците денес се манипулирани да веруваат дека Албанците се нивна егзистенцијална закана.
Но, кој ја засадува оваа идеја?
Македонските партии денеска со експоненти на „српскиот свет“ на чело на владата сеат страв кај Македонците дека Албанците им се непријател.
Во реалноста, Албанците не биле и не се егзистенцијална закана на Македонците, посочуваат од ДУИ.