Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

СДСМ: Интерпелациите на ДУИ се во корист на ВМРО ДПМНЕ за создавање меѓуетнички тензии

Министерот Оливер Спасовски вели оти е лага дека поради Самитот на ОБСЕ полицијата не обрнувала внимание на случајот со Вања Ѓорчевска | Фото: МВР
Министерот Оливер Спасовски вели оти е лага дека поради Самитот на ОБСЕ полицијата не обрнувала внимание на случајот со Вања Ѓорчевска | Фото: МВР

Пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) нема да ги поддржи и да гласа за интерпелациите што денеска се на дневен ред на собраниската седница, а кои се поднесени од Демократската унија за интеграција (ДУИ).

Ставот на пратеничката група денеска пред почетокот на седницата го истакна координаторот Оливер Спасовски.

Тој рече дека во СДСМ сметаат дека нема потреба да има нови поделби по етничка основа во однос на интерпелациите.

Според Спасовски, причините за интерпелациите не смееле во ниту еден случај да бидат поврзани со етнички контекст, туку единствено со аргументи и факти околу работата на одреден министер или функционер.

„ДУИ со поднесените интерпелации ѝ угодува на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, на која ѝ одговараат етнички поделби. Македонското Собрание во ниту еден случај не смее да биде мегдан за поттикнување на какви било меѓуетнички тензии и отворање можности за поделби помеѓу граѓаните. Доколку намерите на подносителите биле вистински причините за интерпелациите, не смееле во ниту еден случај да бидат поврзани со етнички контекст, туку да бидат единствено со аргументи и со факти за работата на одреден министер или функционер. А, за жал аргументи, факти има колку сакате за да најдете причина за било каква интерпелација“,рече Спасовски.

Во однос на петтата интерпелација што денеска ќе се разгледува во Собранието, а е за претседателката на Комисијата за социјална политика, демографија и млади, Илире Даути, која е поднесена од Левица, Спасовски не даде конкретен одговор околу ставот на СДСМ, но рече дека нејзиното изгласување нема да го реши проблемот.

Според Спасовски, проблемот со Комисијата за социјална политика, демографија и млади и неставањето на Законот за бранителите на дневен ред е во собранискиот спикер Африм Гаши.

Спасовски додаде дека вистинското прашање за надминување на темите што значат функционирање на Собранието не се само претседателите на комисиите, туку, како што рече, „вистинското лице, вистинската одговорност и вистинското име и презиме е Африм Гаши“.

Зачлени се на нашиот е-билтен