Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Вевчани подготвено за вековната традиција – Вевчанскиот карневал

Речиси 15 вековната традиција повторно го разбранува духот на Вевчани. Хуморот и сатирата и годинава ќе преовладува на 13 и 14 јануари, на празникот посветен на Свети Василиј Велики. Според традицијата, на автентичен начин жителите на ова под Јабланичко село ќе се пошегуваат со негативните состојби во земјава и светот и ќе испратат силна порака за позитивни промени. Вевчанци се подтотвени, финишира изработката на маските, а публиката, како од земјава, така и од странство е во исчекување со што ќе изненадат овие креативни луѓе. Добро познато е дека гостопримливите и љубезни вевчанци ќе кажат се, но до карневалското дефиле не откриваат во што ќе бидат маскирани.

Вевчани наредните два дена ќе пулсира во знакот на хуморот, сатирата, но и отворената критика кон негативното во секојдневието, кон општеството, светот, сето прикажано низ колоритните маски.

Преку необично преплетување на пагански и христијански обичаи, на само за Вечани препознатлив начин организирани во две групи, Долна и Горна маала василичарите и годинава ќе се обидат да го избркаат злото со благослов за среќно и бериќетно ново лето.

Дефилето на креативните василичари, често пати нарекувано театар на отворено, без сценарио и режија, традиционално почнува утре, околу 14 часот од влезот на селото, движејќи се кон центарот на Вевчани каде го играат традиционалното василичарско оро. Поворката ја предводат зетот, невестата, глупавите Августи и ѓаволите, сите со своите симобилики. Зетот и невестата се симбол за плодност, продолжување на семејството, додека ѓаволите се обидуваат да го победат човекот. Најтешка задача со своите карактеристични крикови имаат глупавите Августи, кои како заштитници околу зетот и невестата замавнуваат со кожи од животни, што честопати завршуваат и во толпата која љубопитно гледа какви маски ќе продефилираат и ужива во магијата на хуморот и сатирата. Веднаш зад нив се и останатите маски.

Со симболична поворка, без концерти и друга организација ќе се одржи годинашниот Вевчански карневал, најави градоначалникот Сашо Јанкоски.

Маските со својата оригиналност и неповторливост ги изработуваат рачно со современи материјали, но користат и кожи од животни што е дел од традицијата, а некогаш дури и животни. Преку својата креативност ги исмејуваат случувањата пред се во државата, но не ги заборават ниту светските позначајни настани. Низ годините на тапет биле видни политички имиња од претседатели на држави, премиери, пратеници…, но за содржината на маските не се лутеле. Иако имаше случаи кога маските предизвикале дипломатски скандали, верски негодувања, па и реакции за користење живи или усмртени животи за таа намена.

Несекојдневно испраќање на старата и дочек на Новата година

На сатиричен и за нив препознатлив начин, вевчанци утре, точно на полноќ ќе ја испратат старата и ќе ја дочекаат Новата година по Јулијанскиот календар. Преку маските испраќаат силни пораки годината да биде бериќетна и среќна, исполнета со здравје и позитивни општествени промени. Се верува дека преку маските Василичарите го бркаат злото и прочистени ќе ја дочекаат Новата година.

Зетот и невестата од двете маала, ноќта ќе ги посетат домовите на вевчанци со благослов за здравје и бериќет во Новата година. По што придружувани од останатите соселани, одат на Вевчанските извори од каде полнат вода со која прават кашаник (зелник) во кој се става паричка. Кај тој што ќе се падне паричката се верува дека ќе биде среќен во текот на целата година. Следниот ден, на 14 јануари, на верскиот празник Свети Василиј одат на имендени или по вевчански, визити, во семејствата чии членови го носат името на светецот.

Со палење на маските и василичарското оро завршува Карневалот

Традиционално, на 14 јануари, доцна попладнето завршуваат карневалските случувања со палење на маските и василичарското оро во центарот на Вевчани. Со тоа се смета дека е избркано злото, а жителите на ова мало населено место уште од следниот ден почнуваат да размислуваат како ќе се маскираат идната година.

Под слоганот „Напрај се Василичар“ утре почнува Вевчанскиот карневал, на кој се најавуваат над 1.000 маски и богата програма со културно – забавни содржини. Организаторите на карневалот очеку

Традицијата туристичка атракција

Преку спој на традицијата и модерното Вевчанскиот карневал е туристичка атракција, каде покрај посетители од државата, доаѓаат гости и од странство.За поголема афирмација и поголема посетеност се организира дводневна музичка програма. Вевчанци и гостите вечер ќе ги забавуваат „Пајак“, „Ареа“ и „Забрането пушење“, а за утрешната забава ќе бидат задолжени „Љубојна“, Наум Петрески, оркестарот „Вевчани“ , Перо Бели и Коки Биоритам.

Сместувачките капацитети иако во мал број се исполнети до последното место, а интерес има и за сместување во соседните Струга и Охрид. Атрактивноста на Вевчанскиот карневал се очекува да одѕвони и во странските медиуми.

МИА

Зачлени се на нашиот е-билтен