Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Пораснал бројот на туристи

Податоците од Државниот завод за статистика покажуваат значителен пораст на странските туристи кои ја посетиле Македонија. Во ноември 2024 година, земјата ја посетиле 66.701 туристи, од кои 68.4% биле странски, а 31.6% домашни.

Бројот на ноќевањата во истиот месец изнесувал 138.226, со доминација на странските туристи (61.4%), додека 38.6% се од домашните посетители.

Според податоците за периодот јануари–ноември 2024 година, бројот на туристите е зголемен за 8.3% во однос на истиот период минатата година. Домашните туристи бележат намалување од 1.0%, додека странските раст од 13.8%.

И бројот на ноќевањата во истиот период пораснал за 5.3%, со раст кај странските туристи од 9.2% и умерено зголемување кај домашните од 2.2%.

Овие бројки укажуваат на зголемен интерес на странците за Македонија како туристичка дестинација.

Зачлени се на нашиот е-билтен