Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Политиката на Ер Франс да не дозволуваат маж да седи до деца кои патуваат сами падна на суд

Фото: Kambui, CC BY 2.0, via Wikimedia Commons

Норвешкиот суд за антидискриминација пресуди дека политиката на Ер Франс да не им дава на мажите места покрај малолетниците без придружба за да ги заштити од злоупотреба е дискриминаторска.

Екипажот на летот од Осло до Париз во октомври 2022 година побара од маж да ги смени седиштата со жена бидејќи не му беше дозволено да седи покрај две деца кои патуваа сами. Патникот Доминик Селиер ова го пријавил на норвешкиот суд против дискриминација.

Адвокатот на Ер Франс за време на судењето тврдеше дека персоналот само го почитувал правилото на компанијата, кое било воведено затоа што мажите сочинуваат 97,93 отсто од сексуалните злоставувачи. „Тоа не беше пријатна ситуација“, изјави Селиер денеска за агенцијата Франс прес. „Патниците околу мене ме гледаа, чекајќи да ги сменам седиштата за да полетаме. Можеби тоа беше делумно моја проекција, но дел од погледите го протолкував како ‘овој тип е сомнителен’„, додаде тој.

Според минатогодишната пресуда на судот, Ер Франс има политика да седи жена покрај малолетно лице без придружба, ако е можно, во текот на целиот лет. Ер Франс се бранеше со тврдењето дека норвешкиот суд немал јурисдикција над нејзиниот авион бидејќи не бил регистриран во Норвешка. Француската авиокомпанија исто така на суд тврдеше дека оправдувањето за различниот третман на мажите и жените е потребата да се заштитат малолетниците од трговија со луѓе и други форми на насилство и агресија.

Селиер смета дека генерализацијата кон мажите отишла предалеку.

„Како можеме да прифатиме таков вид сомнеж затоа што припаѓаме на машкиот род?“, се прашуваше тој. Иако го доби случајот пред судот, Селиер не доби отштета или извинување од Ер Франс. За време на летот, вели тој, му дале само шампањ во хартиена чаша.

Зачлени се на нашиот е-билтен