Оваа 2025 година одбележуваме, за жал, еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус.
Крајно време е да продолжиме по европскиот пат. Време е и Унијата да донесе стратегиска одлука за тоа како понатаму ќе се постапува со нашиот пример како своевиден лакмус за кредибилитетот на европската приказна во регионот и пошироко, рече министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на денешниот работен појадок со амбасадорите на земјите-членки на Европската унија акредитирани во земјава.
-Сите сме целосно свесни за сложените геополитички предизвици со кои се соочува Европа, но и светот. Во време на извесности европската интеграција на Западниот Балкан претставува геотстратешка неопходност, која ќе придонесе за зајакнување на мирот, стабилноста и безбедноста на континентот.
– Нема да има геополитичко попуштање, проширувањето останува процес заснован на заслуги, нагласи Кос, додавајќи дека владеењето на правото и почитувањето на основните вредности се и ќе останат камен темелник на политиката на проширување.
Според Кос, проширувањето е проект на целото општество, а не само на парламентите и владите на земјите кандидати за членство.
Северна Македонија треба да покаже волја за промена на Уставот за да постигне напредок во процесот на пристапување кон ЕУ, порача еврокомесарката за проширување Марта Кос на денешната дебата со членовите на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ).