Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Што е причината за пожарот во хотел во Турција каде изгореа 76 луѓе?

Најмалку 76 лица го загубија животот, а 51 лице е повредено во пожар што рано наутро изби во хотелот „Гранд Картал“ во познатото зимско одморалиште Карталкаја, провинција Болу. Меѓу жртвите има и деца, а 52 тела се веќе идентификувани, според турскиот министер за внатрешни работи Али Герликаја.

Министерот изјави дека 45 тела се предадени на семејствата, додека идентификацијата на останатите продолжува. Дополнително, шест обвинители се назначени да ја водат истрагата, која покажува дека пожарот најверојатно започнал во хотелскиот ресторан.

Во рамки на истрагата уапсени се девет лица, меѓу кои и сопственикот на хотелот. Според властите, објектот немал автоматски систем за гасење пожари ниту функционирален алармен систем. Првичните информации за отсуство на пожарни скали беа демантирани од министерот за туризам, но остануваат сомнежите за недостаток на адекватна противпожарна заштита.

Фасадата од дрво и отсуството на локална противпожарна станица, која се наоѓа на повеќе од еден час оддалеченост, дополнително го влошиле ширењето на пожарот.

Пожарот избувнал во 3:27 часот наутро, кога повеќето гости спиеле. Во моментот на трагедијата, хотелот бил полн со 237 гости, бидејќи учениците во Турција се на зимски распуст.

Првичните индикации укажуваат дека пожарот може да бил предизвикан од истекување на гас или краток спој.

Претседателот на Турција прогласи ден на жалост, изразувајќи солидарност и ветување дека одговорните ќе се соочат со правдата. „Ова не е ден за политика, туку за единство“, изјави тој.

Оваа трагедија ја отвори дебатата за безбедносните стандарди во туристичките објекти и потребата од посилни регулативи за заштита на животите на гостите.

Истражувањето откри дека хотелот „Гранд Картал“ не поседувал автоматски систем за гасење пожари, ниту алармен систем кој би се активирал во случај на пожар. Првичните тврдења дека хотелот немал пожарни скали за евакуација беа демантирани од министерот за туризам Мехмет Нури Ерсој, кој се повика на извештајот на противпожарната служба.

Дополнително, изнесени се критики за отсуството на локална противпожарна станица во Карталкаја, иако станува збор за едно од најзначајните зимски одморалишта во близина на Истанбул и Анкара. Најблиската противпожарна станица се наоѓа на час и 15 минути оддалеченост, што значително ја отежнало интервенцијата.

Зачлени се на нашиот е-билтен