Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Власта молчи за бегалецот Груби, го проголта ли „црна земја“

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, и денеска со став, дека МВР, нема информации каде се наоѓа бегалецот Артан Груби, ниту пак, дали неговото бегство било организирано.

Според, првиот полицаец, единствено е јасно дека уште од првиот ден на бегството на Груби, Одделот за внатрешна контрола при МВР отворил внатрешна истрага.

„Собраниот доказен материјал по наредба на јавен обвинител и по наредба на обвинител од апсект на тоа дали станува збор за организирано бегство, група или станува збор само за пропуст на предметниот полициски службеник, е доставен..“, изјави Тошковски.

За сега МВР утврдило, одговорност, кај полицаецот на граничниот премин кој го пропуштил Груби иако тој бил ставен на т.н „стоп-листа“.

„Од досега собраните докази кои ги имаме за да може да интервенираме во утврдена фактичка состојба во делот на службеникот – сме поднеле кривична пријава и се преземени чекори во насока на суспензија и во насоко на констатирање на негова вина, кривична одговорност согласно доказите кои се неспорни. Неспорно е дека полицискиот службеник не погледнува во мониторот и му дозволува да излезе. Тоа е неспорен факт и тука имаме кривична пријава. Во делот на тоа дали сето тоа било организирано, дали имало други вмешани итн, се води соодветна постпка од страна на Јавното обвинителство.“, изјави Тошковски.

Од СДСМ неодамна посочија дека кај власта се во игра две можни сценарија, за бегството на Груби..

„Или биле целосно неспособни да го спречат, или пак второ и поверојатно, намерно не го спречиле. Дали Тошковски ќе каже искрено, која е причината што Груби дента кога требало да се обелодени истрагата слободно си ја напушта земјата а акцијата на МВР за негово спречување е целосно неуспешна? Кој ќе одговара за тоа ако Груби не се врати во земјата?“, прашаа од СДСМ.

Според партијата, се случиле премногу пропусти и премногу „индикации има дека зад овој случај има нешто друго, односно политички договор“.

Од СДСМ побараа одговор дали МВР ќе преземе мерки против оние кои му помогнале во бегството, оние кои потфрлиле во обидот да го спречат во рамки на МВР и дали ќе бидат истражени сите околности под кои обвинетите го напуштиле државниот терен.

За бегалецот Груби, МВР во декември распиша меѓународна потерница за Груби. Високиот функционер на ДУИ, се товари за предметот за финансиски малверзации во „Државна лотарија“,

Во меѓувреме Груби легално, преку граничен премин заминал за Косово.

Само неколку дена пред неговото бегство, Груби се најде на американската црна листа, но поради вмеашност во корупција за предмети поврзани со Сашо Мијалков, тема која се уште е дел од дневно-партиските обвинувања меѓу власта и опозицијата.

Зачлени се на нашиот е-билтен