Професорката Билјана Ванковска со реакција за донесениот Закон за заштита на децата, за кој Претседателката Гордана Силјановска Давкова имаше забелешки и му стави вето.
„Каква шлаканица за претседателката на државата чие што (прво) вето на закон го игнорираше токму партијата со чии (пратенички) потписи се кандидираше а потоа и победи. Уште поголема шлаканица за професорката по уставно право… Нејзините аргументи фрлени во Вардар, како и оние 39-тина илјади потписи на граѓани.
Отсега таа ќе глуми чувар на правото и правдата, тие ќе си тераат по свое да не ги налутат коалиционите партнери„, пишува Ванковска.