„Скандалозната одлука на судот е доказ, дека заканите на Мицкоски кон судството и обвинителството, како и неговата спрега со ДУИ даваат резултати“, реагираат од СДСМ за амнестирањето на обвинетите во случајот „Организатори на 27 април“. Со одлуката на судот да ги амнестира обвинетите за организирање на ова насилство, правдата претрпува тежок удар, а македонското општество се соочува со опасен преседан.
Од СДСМ, со став дека доколку денес организаторите останат неказнети, кои се гаранциите дека ваков напад нема да се повтори утре.
„Како е можно напад од вакви размери врз највисоката институција на државата да нема организатори? Зарем некој може да поверува дека толпа граѓани сама по себе, без координација и план, пробила полициски кордон и насилно го запрела демократскиот процес. Одлуката испраќа опасна порака – дека насилството врз институциите и обидите за уривање на државноста може да поминат неказнето. Ова не е само правен, туку и длабоко политички и историски преседан.“, велат во СДСМ.
Според социјалдемократите, на 27 април 2017 година, ‘македонската демократија беше нападната на најбрутален начинн, бидејќи на денот кога требаше да се спроведе демократската волја на народот, Собранието беше претворено во бојно поле’.
„Толпа од насилници, водени од јасна цел, изврши насилен упад, напаѓајќи ги пратениците и новинарите. Тоа не беше спонтан настан, туку организиран напад чија цел беше да се спречи демократската промена на власта.Со одлуката на судот да ги амнестира обвинетите за организирање на ова насилство, правдата претрпува тежок удар, а македонското општество се соочува со опасен преседан.
Од партијата посочуваат дека на 27 април животите на народните избраници тогаш беа директно загрозени. ‘Пратеници беа брутално нападнати, новинари беа малтретирани, а целата земја беше сведок на насилство кое остави трајни трауми. Ако овој преседан се прифати, тогаш насилството станува новото средство за решавање на политички несогласувања, а тоа е пат кој води кон хаос и уништување’.