Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Мицкоски на платформата Рамбл – Видео ѕвезда со 68 прегледи

Во денешно време, политичарите се повеќе се фокусираат на социјалните платформи како начин за комуникација со јавноста, особено кога се работи за нови платформи со популарност која се уште расте. Еден таков пример е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој се појавува на видеа на Платформата на Трамп, Рамбл. Но, иако Рамбл е на хартија платформа со потенцијал, нејзиниото присуство во Македонија, и настапите на Мицкоски, не привлекуваат посебен интерес.

Три видеа со Мицкоски на Рамбл имаат едвај вкупно 68 прегледи, што се чини како повеќе симболичен гест отколку реален обид за влијание на пошироката јавност. Иако самата платформа се рекламира како алтернатива на традиционалните социјални медиуми, таквите бројки можат да се толкуваат како индикатор за ниската заинтересираност на македонската јавност во земјава и во САД, а уште помалку на Американците, за политичките пораки што Мицкоски ги споделува таму.

Интересно е и тоа што Мицкоски при своето неодамнешно патување на инагурацијата на Трамп, се пофали дека од аеродром веднаш отишол на средба со Крис Павловски, акционер на Рамбл и разговарале за инвестиции во Македонија во делот на дигитализацијата. 

Точно е дека Павловски, е проценет на 1.2 милијарди долари и има силни врски со политичката сцена на САД, тој има македонско потекло и успешна бизнис кариера, сепак непопуларноста на Мицкоски на Рамбл само го подгрева сомнежот дека оваа средба е само политичка стратегија и пи-ар која не дава реални резултати.

С.Т.


Зачлени се на нашиот е-билтен