Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Фајнешал тајмс: ЕУ размислува да купи руски гас

Претставници на Европската унија ја разгледуваат можноста за обновување на купувањето руски гас како дел од потенцијалниот договор за ставање крај на руско-украинската војна, објави денеска „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на неименувани извори.

Застапниците за продолжување на купувањето руски гас, вклучително и официјални лица од Унгарија и Германија, велат дека тој потег може да биде поттик и за Русија и за Европа да го поддржат мировниот договор за стабилизирање на енергетскиот пазар на континентот, пишува лондонскиот весник.

Сепак, на предлогот за снабдување на ЕУ со руски гас како дел од договорот со Русија за ставање крај на војната се спротивставуваат главните сојузници на Украина во Унијата, како и официјални лица од некои „источни“ членки на тој блок, наведува ФТ.

Пред нешто помалку од еден месец, Украина го суспендираше транзитот на руски гас до ЕУ преку нејзина територија, што предизвика протести од Словачка и Унгарија, две членки на ЕУ кои продолжуваат да се потпираат на рускиот гас, и покрај напорите на 27-члениот блок да го диверзифицира својот извори на снабдување.

Европските земји продолжуваат да купуваат руски течен природен гас додека Турски поток останува единствениот гасовод што носи руски гас во ЕУ.

Зачлени се на нашиот е-билтен