Во рамки на посетата на Загреб претседателот на СДСМ Венко Филипче имал средба со претседателот на Социјалдемократската партија на Хрватска, Синиша Хајдаш Дончиќ, потпретседателот Ранко Остојиќ и меѓународниот секретар Каролина Леаковиќ.
Било разговарано за размена на искуствата во делот на партиските активности и можностите за унапредување на соработката помеѓу СДСМ и СДП, како две сестрински партии кои споделуваат социјалдемократски вредности.
„Искуствата од хрватската СДП ќе ги искористиме за подготовка на новата Програма и креирање политики кои нудат конкретни решенија за економски развој, подобрување на животниот стандард и заштита на работничките права.
Нашите мерки и во новата партиска програма ќе бидат насочени кон реално подобрување на квалитетот на живот на граѓаните, нешто за што, Владата на ВМРО-ДПМНЕ, потфрли.
СДСМ како прогресивна и одговорна партија ќе продолжи да соработува и да ги користи успешните примери од сестринските социјалдемократски партии во регионот и Европа, со цел да понуди одржливи политики што ќе значат подобар живот за сите граѓани“.