Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Тргнува првиот воз од Скопје до Куманово

Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски денеска информира дека тргнува првиот воз од Скопје за Куманово – во 16 часот и 30 минути. Патувањето ќе трае 41 минута и ќе оперира два пати дневно – во 6:30 наутро ќе тргнува од Куманово и истиот воз во 16:30 попладне ќе се враќа од Скопје.

Според Николоски, времетраењето на патувањето е релативно брзо. Како што вели, на овој начин ќе се намали и загадувањето на воздухот со користењето на овој дневен воз бидејќи ќе се намали сообраќајот.

-Истиот воз во одредени делови од денот, по завршувањето на сите процедури, ќе продолжува и до Бељаковце бидејќи дотаму имаме железница. Кога ќе ја завршиме пругата и до Крива Паланка во октомври 2026 година, овој воз ќе оперира и до дотаму, појасни министерот. Додаде дека се планирани „градски возови“ и до Тетово и Гостивар, а амбиција е да се врати и железничката линија и до Кичево.

Како што информира Николоски, „Македонски Железници“ во моментов има вкупно 14 локомотиви и возови низ пругите низ земјава.

Зачлени се на нашиот е-билтен