Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Американската поштенска служба престана да прима пакети од Кина и Хонг Конг

Поштенската служба на Соединетите Американски Држави (USPS) објави дека го суспендира приемот на пакети од Кина и Хонг Конг до дополнително известување.

УСПС во соопштението не ја наведува причината за ваквата суспензија, ниту пак се дадени дополнителни информации по прашања од американските медиуми, пишува Си-Ен-Ен.

Одлуката уследи неколку дена откако американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која се укинува регулативата со која се дозволува увоз на пакети со вредност помала од 800 долари без царина или инспекција.

Зачлени се на нашиот е-билтен