Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Мицкоски: „Треба да се удри во чело“, потребни се објективни и непартиски членови во Судскиот совет

 Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека е потребно формирање нов Судски совет кој ќе биде објективен и непартиски, за да се обезбеди правда и ред во системот. Во врска со најавата дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесат иницијатива за разрешување на членовите на Судскиот совет, Мицкоски рече дека според него, тоа е чекор кон длабоки реформи и ослободување на правосудниот систем од контроверзии и корупција.

– Ние не можеме да направиме целосно распуштање, ниту пак можеме за така кратко време да ги детектираме аномалиите. Но, можеме да избереме судски совет, којшто објективно без партиски стеги, без интереси, ќе може да го разбистри ова политичко мочуриште и да биде своевиден монитор на тоа како судиите се однесуваат, какви одлуки носат и зошто носат такви одлуки, рече премиерот во изјава за медиуми пред денешниот брифинг со новинарите во Клуб на пратеници во Скопје.

Како што дополни, еден од начините е да им се изгласа интерпелација.

– Цениме дека треба да се удри во чело, да не се обидуваме да импровизираме, да правиме импланти итн. Ударот во чело подразбира дека сето она што е во ингеренции на, во случајот Парламентот, а тоа е изборот на оние членови на Судскиот совет, таму каде што се бираат, таму и да се изгласа интерпелација. Точно е тоа дека и покрај тоа што ќе се изгласа интерпелација, тие можат да останат и понатаму да бидат дел од Судскиот совет. Но во услови кога тој што те избрал, ти гласа повторно недоверба и ти продолжуваш да водиш инает, тоа не е добро, дополни премиерот.

Зачлени се на нашиот е-билтен