Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Калајџиев: „Судски совет не смее да постапува пред Апелација да донесе одлука!

Откако во јавноста беше објавено дека Судскиот совет ќе формира комисија која треба да изврши увид во претходниот предмет на Јованов, кој ја прегази Фросина Кулакова на пешачки премин на Партизанска, се огласи професорот Гордан Калајџиев, кој истакна дека тоа не смее да се случи.

„Судски совет не смее да постапува пред Апелација да донесе одлука! Тоа е повреда на Уставот и законот а бога ми и основ за одговорност!!“, напиша тој на социјалните мрежи.

Инаку, Комисија составена од судиите Данка Ристова, Антоанета Димовска и Татјана Чачарова Илиевска е формирана од Судскиот совет со цел да утврди дали имало пропусти во пресудата на судијката Даниела Алексовска-Стојановска од Основниот кривичен суд Скопје. Таа донесе одлука за воспитно-поправна мерка – упатување во малолетнички поправен дом за Васил Јованов, обвинет за поседување и продажба на наркотични средства.

Зачлени се на нашиот е-билтен