Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Јаневска: Добивме многу предлози и сите ги внесуваме, ова е сепак јавна расправа и продолжува понатаму

Весна Јаневска, министерка за образование и наука / фото: Мета.мк
Весна Јаневска, министерка за образование и наука / фото: Мета.мк

„Јас ги повикувам сите кои сакаат да се вклучат во креирање на нова концепција да се вклучат. Никаде не брзаме. Имаме една година време за да ја донесеме концепцијата. Уште еднаш ги повикувам СДСМ и сите други партии партии да се вклучат во креирање на концепцијата. Наставните планови, наставните програми секако ќе бидат модернизирани и сакале или не сакале да се вклучат, подобро образование во Македонија ќе има затоа што нашите деца тоа го заслужуваат. 

Ако сите досегашни предлози бидат прифатени, учениците ќе бидат на училиште и повеќе од 10 часа. Ова е одговорот на министерката за образование Весна Јаневска околу забелешките за новата концепција за реформи во гимназиското образование. Концепцијата наиде на критики во стручната јавност, но министерката повторува  дека за неа сè уште се  расправа и дека сите добиени забелешки внимателно се разгледуваат. Очекувала предлози, а не револт од јавноста.

„Уште еднаш повторувам дека тоа е драфт-верзија, ставена во првиот момент на електронска јавна расправа. Добивме многу забелешки, сите ги внесуваме. Првично, од тоа што е побарано, гледаме дека ако ги исполниме сите барања, децата ќе имаат предмети за да останат на училиште по 10-11 часа“, изјави Весна Јаневска, министерка за образование и наука.  

Зачлени се на нашиот е-билтен