Русија денеска соопшти дека го зазела украинскиот град Торецк во источниот регион Доњецк.
Министерството за одбрана на Руската Федерација соопшти дека Дзержинск (старото советско име со кое градот се нарекува во Русија) во „Доњецката Народна Република“ е „ослободен“.
Од Украина засега нема реакција. На крајот на минатата година, украинската армија соопшти дека ситуацијата е тешка во Торецк, каде што се водат борби буквално за секоја зграда.
Градот, кој пред војната имал над 30.000 жители, се наоѓа во Бахмутскиот регион.