Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Америка подготвува план за Украина: Еве кога ќе биде претставен мировниот договор

Специјалниот пратеник на американскиот претседател, Кит Келог ќе им го претстави нацртот на сојузниците.

Соединетите Држави ќе објават план за решавање на украинската криза на Минхенската безбедносна конференција, пишува Блумберг. 

„Специјалниот пратеник на американскиот претседател Кит Келог ќе им го претстави нацртот на сојузниците“, соопшти американската агенција, повикувајќи се на добро информирани извори. 

Соговорниците не открија детали за форматот на разговорот и колку тој би можел да биде детален. Минхенската безбедносна конференција се одржува од 14 до 16 февруари. 

Келог претходно на социјалните мрежи го потврди своето учество на конференцијата, како и дека со сојузниците ќе разговара за Украина. Во исто време, украинските медиуми објавија дека Келог ќе пристигне во Украина на 20 февруари. Американскиот весник „Волстрит журнал“ претходно објави дека американскиот претседател Доналд Трамп му наредил на Келог да постигне крај на украинскиот конфликт во рок од 100 дена.

Зачлени се на нашиот е-билтен